ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА ЗА ЈУТЈУБ-ЅВЕЗДАТА: Лажел дека симнува црна магија, земал многу пари за тоа!

Јутјуб-ѕвездата Зоран Шумадинац наводно некогаш се претставувал како бајач кој симнува црна магија преку аура.

Во редакцијата на српски „Курир“ се јавиле многу луѓе кои се сетиле на сега популарната јутјуб-ѕвезда, но немале многу пофални зборови. Тие всушност ги разоткриле лагите и измамите. Еден читател на изданието тврди дека му платил на Зоки Шумадинац дури 3.000 евра, за по некое време да сфати дека е измамен.

Жители на родното село на Зоки, Наталинци, тврдат дека изведувачот на „Аутотјун“ ги ограбил и сопствениците на тамошна земјоделска аптека.

Зоран Шумадинац имал и свој сајт на кој објавувал статии, хороскопи, се претставувал и како терапевт, а тврдел и дека ги добил моќите откако преживеал клиничка смрт.

Toj пак, ги демантира сите овие тврдења, но не одрекува дека работи со биоенергија.

Принтскрин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот