Тепачка во соблекувалната на Интер?
Интер на разочарувачки начин на отвори сезоната во Лигата на шампионите, играјќи само 1:1 против Славија Прага на „Џузепе Меаца“. Фудбалерите на Интер дури и се спасуваа од пораз, бидејќи голот го постигнаа во последните моменти од средбата.
Навивачите и фудбалерите очекуваа дека добрите игри во Серија А каде Интер има три победи во трите натпревари, да се повторат во ЛШ, но на крајот освоија само еден бод и токму првиот неуспех донесе нервоза во соблекувалната.
Според „Газета дело Спорт“, Ромелу Лукаку уште на полувремето побара од соиграчите да играат поофанзивно и да ги следат тактичките замисли на тренерот Антонио Конте. Неговиот настап не му се допадна на Хрватот, Марсело Брозовиќ, кој помисли дека напаѓачот го прозива токму него.
Брозовиќ веднаш станал и тргнал кон Лукаку за да го удри со глава. Поголем инцидент спречиле соиграчите, кои ги раздвоиле двајцата фудбалери пред да настане поголем инцидент.
Лукаку го одигра целиот натпревар, додека Брозовиќ беше заменет во 71. минута со Николо Барела кој во втората минута од судиското продолжение го постигна голот за израмнување.