Тензиите продолжуваат: Пакистан ќе го промени железничкиот сообраќај со Индија

По растот на тензиите поради одлуката на ЊУ делхи да му го одземе специјалниот статус на Кашмир, од Пакистан денеска информираат дека го прекинуваат кличниот железнички сервис со Индија.

Федералниот министер за железниците, шеик Рашид Ахмад изјави дека е суспендиран возот што ги поврзува двете земји, пренесе „АП“.

Ова се случи ден откако Пакистан го спушти нивото на дипломатски врски и ја прекина билатералната трговија поради одлуката на Њу Делхи за промена на статусот на Кашмир.

Одлуката за прекин на железничкиот сообраќај беше објавена додека патниците за Индија чекаа да влезат во воз во градот Лахоре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот