Тенисерите на „Австралија опен“ во строг карантин и со 60 евра за храна!

Фото: EPA-EFE/FRANCIS MALASIG

Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата на „Австралија опен“, пред да го брка и деветтиот трофеј во Мелбурн малку подоцна од вообичаеното во специфични околности поради ситуацијата со ковид-19.

Првиот грен слем турнир во новата сезона е преместен за 8 февруари 2021 година, а организаторите веруваат дека дотогаш сè ќе биде подготвено.

Коронавирусот влијаеше на одложувањето на „АО“, но најдобрите тенисери ќе играат во Мелбурн, во досега невидени услови, со цел сите учесници бидат максимално заштитени.

Организаторот на турнирот ќе му плати на секој тенисер поединечно по 100 австралиски долари на ден за храна, што е околу 60 евра.

Тенисерите и нивните соработници нема да имаат можност за приватно сместување, што беше опција на „УС Опен“ во САД, туку сите ќе мора да бидат сместени во хотелски карантин. Посетите се строго забранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот