Тен Хаг за Роналдо: Тој е во нашите планови, не е на продажба

Кристијано Роналдо има уште една година договор со „црвените ѓаволи“/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Ерик тен Хаг, менаџерот на Манчестер Јунајтед, е убеден дека Кристијано Роналдо ќе биде во тимот за следната сезона, иако Португалецот не отпатува со тимот на подготовките во Тајланд.

Роналдо на секој начин се обидува да се избори за промена на средината, но сагата околу неговата судбина не ја гледа новиот кормилар на „црвените ѓаволи“.

Холанѓанецот истакна дека верува дека ќе може да смета на играчот во новата сезона, и дека поради лични проблеми добил дополнително слободно време, па не беше со соиграчите кои заминаа на турнеја.

– Кристијано Роналдо не е на продажба, тој е во нашите планови. Тој не е со нас поради лични проблеми. Го планираме Кристијано Роналдо за оваа сезона, тоа е тоа – рече холандскиот стручњак.

На прашањето како мисли да го израдува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Тен Хаг одговори:

– Не знам, но со нетрпение очекувам да работам со него – вели менаџерот на Јунајтед.

Роналдо има договор со англискиот клуб до 30 јуни следната година, а првите луѓе од „Олд Трафорд“ постојано повторуваат дека не планираат да го пуштат.

Спонзорите бараат Роналдо да остане во Манчестер јунајтед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот