Тен Хаг по елиминацијата од Лига Европа: Недостасуваше карактер, смиреност и желба

фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Во реваншот од четвртфиналето на Лига Европа, Севиља на домашен терен победи со 3:0 против Манчестер јунајтед и се пласираше во полуфиналето.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг не беше задоволен по натпреварот.

– Ова не беше доволно добро, кратко и јасно, ова не е нивото на кое треба да биде тим како Манчестер јунајтед. Недостигаше борба, сега е многу тешко, ова е неприфатливо – рече Тен Хаг.

Според холандскиот стратег смета дека недостасуваше карактер, смиреност и желба кај неговите играчи.

– Морате да влезете во натпреварите со поголема желба и кога ќе се најдете во негатива треба да знаете како да се справите со тоа и да продолжите понатаму. Мораме да бидеме подобри, не зборувам за фудбалско знаење, зборувам за карактер, смиреност и желба. Загубивме затоа што противниците имаа повеќе страст, повеќе желба, повеќе волја. Ова беше одлична можност да освоиме нешто и ја испуштивме, можеме само да се обвинуваме себеси – вели Тен Хаг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот