ФОТО: Илјадници граѓани се собраа пред споменикот на Црвената армија во Берлин, чествувањето под силно полициско обезбедување

Спомен паркот посветен на загинатите советски војници во Берлин/Фото: EPA/STEPHANIE PILICK

Над 3.000 граѓани на Берлин се собраа денеска пред споменикот на паднатите борци на Црвената Армија. Во спомен паркот на одбележувањето на Денот на победата над фашизмот излегоа Германци, Руси, комунисти, пацифисти и други мирољубиви граѓани со транспаренти против војната за што сведочат фотографиите кои ги доби редакцијата на „Слободен печат“ од читатели од Берлин.

Антивоени пароли во Берлин/Фото: Слободен печат
Не на војната, пароли пред споменикот на Црвената Армија во Берлин/Фото: Слободен печат

По повод настанот кој е традиционален, берлинската полиција го зголеми своето присуство во спомен паркот и забрани носење на воени униформи, воени ордени, воени ознаки V и Z, руски знамиња, како и советски, белоруски и чеченски, но и оние на Доњетската и Луганската Република, свирење и пеење на руски маршеви и воени песни за да не се велича руската агресија врз Украина.

Фото: Слободен печат

Во наредбата издадена од полицијата во Берлин која е со важност за 8 и 9 мај се вели дека одобрувањето на моменталната руска агресија врз Украина како и однесување кое може да води кон насилство се исто така забранети.

Воени делегации пред споменикот „Ослободител“ во Берлин/Фото: Слободен печат

Рестрикциите не се наменети за дипломатските делегации како и за други привилегирани лица и воени ветерани кои се одликувани во Втората светска војна.

Во Источен Берлин на 8 мај 1949 година е подигнат огромниот спомен-центар во чест на околу пет илјади паднати борци на Црвената армија во битката за Берлин.

Дел од спомен паркот во Берлин посветен на паднатите советски војници/Фото: Слободен печат

Во центарот на споменикот е војник со дете в рака, додека со чизма го гази кукестиот крст. Споменикот „Ослободител“ е синоним за победата на Советите над нацистичка Германија.

Секоја година традиционално во Трептауер паркот во Берлин каде се наоѓа овој споменик како и гробиштата на паднатите советски борци се одбележува Денот на победата.

Во 2019 година на 9 мај се одржа импозантен собир пред споменикот кога од Москва на мотоцикли допатуваа членовите на познатиот руски мотоклуб „Ноќни волци“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот