Техничките и дополнителните министри на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ја напуштат Владата?

Техничките и дополнителните министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат утре да ја напуштат Владата, дознава „Слободен печат“ од партиски извори.

Според нашите информации ваквиот потег би претставувал солидарност, со поранешната министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи, која пред распуштањето на Собранието беше разрешена од својата функција.

Од ВМРО-ДПМНЕ официјално ги негираат ваквите информации. Според партискиот портпарол, Димче Арсовски, во партијата не станало воопшто збор за напуштање на Владата.

– Ако ја напуштиме техничката Влада, тоа автоматски би значело дека ќе треба да би бојкотираме и изборите – изјави Арсовски за „Слободен печат“.

Оваа информација е излезена од криминалната власт на Оливер Спасовски, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

– За нивна жал Наќе Чулев нема да се повлече од Владата – изјави Наум Стоилоковски за „Слободен печат“.

Пред распуштањето на Собранието, беше разрешена министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, на предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски, откако таа се појави на конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија”.

Денеска на владина седница беше одлучено, Ѓонул Бајрактар, заменикот на министерот за труд и социјалната политика, да ги презеде нејзините овластувања и одговорности во раководењето со Министерството за труд и социјална политика.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот