Tаткото кој ги фрли децата од балкон доби 30 годишна казна затвор

Хрватскиот врховен суд ја одби жалбата на одбраната и ја потврди единствената казна од 30 години затвор за таткото од Задар, за обид за убиство на неговите четири деца.

Тој ги фрли своите четири деца на возраст од три, пет, седум и осум години од балконот на куќата во која живееја.

Во утринските часови осудениот земал едно по едно дете од креветот во кој спиеле и ги фрлал од балконот висок околу пет метри. Децата се здобиле со тешки телесни повреди, а едно од нив имало повредни опасни по живот.

Смртта на децата беше избегната само со случајност.

Обвинетиот е прогласен за виновен со првостепената пресуда за четири кривични дела на тешки убиства во обид. Тој беше осуден на единствена казна затвор од 30 години, што го вклучува и времето поминато во затвор, каде што се наоѓа од крајот на февруари 2019 година.

Исто така, му беше наредено да се подложи на психијатриско лекување како дел од издржувањето на казната, пренесоа хрватските медиуми. Судот утврди дека дел од одговорноста за овој обид за четири убиства лежи во системот на социјална заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот