Татко бил ЗГРОЗЕН од ручекот што син му го добил во училиште: Ова е ОДВРАТНО (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Ако мислевте дека кујната во нашите училишта е лоша, очигледно ништо подобра не е ниту во многу побогатите земји.

Таткото Дејвид Ратерфорд (47) од Блергоуври во Шкотска бил згрозен кога видел што му било послужено на неговиот син за ручек, во локалното средно училиште.

– Дали некој од вас би го јадел ова? – прашал таткото на Фејсбук, покрај фотографија од плескавица во необична сива боја, која се наоѓала помеѓу две парчиња леб.

– Ја изгубивме целата надеж дека децата во училиште ќе добијат добар ручек. Ќе им го спремиме ручекот од дома или ќе им речеме да дојдат дома да јадат. Згрозени сме. Сега можете да разберете зошто децата одат во евтини продавници и пекари, ова е одвратно – напишал револтираниот татко, пренесува Метро.

https://www.facebook.com/SimpleNewsUK/posts/10157339298418886

Тој додал дека во училиште не очекуваат прав гурмански оброк, но дека ова е потполно погрешно. По неговата објава се јавиле и други родители, кои го споделиле своето искуство со оброците на своите деца во училиштата. Меѓу нив имало пилешки медалјон во пециво, како и едно парче шунка и трошка сирење помеѓу две парчиња леб.

Компанијата Тајсајд Контрактс, која е одговорна за оброците во тамошните школи, се извинила за сиромашните оброци, но дале објаснување за сивиот бургер.

– Важно е да се препознае дека тоа беше плескавица од мисирка, а не говедска, па се очекува таква бела боја на месото – рекла Керол Хакстон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот