Таравари вели дека спорниот објект не е дивоградба, ја обвини ДКСК дека „тера политика“ против него

Арбен Таравари/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Класичен обид за лична дискредитација и употреба на антикорупциската комисија за политичко-партиски цели – вака градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ја коментира иницијативата на ДКСК за негово кривично гонење поради непостапување во случајот на објект изграден спротивно на ДУП.

Таравари вели дека не станува збор за дивоградба туку за пуштање на три метри надвор од планот за што инспекциите во Гостивар неколкупати укажале на инвеститорот да ги урне, но тој не постапил. Случајот е пријавен во обвинителството, а оттаму реагираат дека случајот веќе е затворен со поднесено обвинение за прекршителот, за што е информирана и Комисијата пред 5 месеци.

Антикорупциска најави постапка за одговорност против надлежниот обвинител Арсим Адеми поради тригодишно одолговлекување на истрагата. Од обвинителството пак тврдат дека обвинителот го сработел случајот врз основа на докази кои ги чекал од надлежните. Куќата со продолжението веќе е изградена, и покрај инспекциските наоди и истрагата.

Таравари ја повика ДКСК и надлежните да бараат дивоградби онаму каде што се на власт претставници на СДСМ и на ДУИ и каде, според него, се гради без дозвола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот