Таравари и лидерите на ВРЕДИ на средба со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Франгеш

Таравари и лидерите на ВРЕДИ се сретнаа со специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Франгеш/Фото: Коалиција ВРЕДИ

Политичките случувања во земјава и регионот, претседателските и парламентарните избори и европската иднина на државава беа во фокусот на денешната средба на лидерите на коалициските партии на ВРЕДИ, Изет Меџити, Африм Гаши и потпретседателот на Движење Беса Блерим Сејдиу заедно со претседателскиот кандидат на претстојните избори од ВРЕДИ, Арбен Таравари со Анжеј Франгеш, специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан и генерален директор за ЕУ прашања во Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, што се одржа во седиштето на Демократското движење.

На средбата, информираат од ВРЕДИ, лидерите го уверија Франгеш дека коалицијата, како победник на парламентарните избори на 8 мај и како следна влада, целиот свој политички капитал ќе го посвети на итно спроведување на уставните измени, успешно завршување на преговорите за членство во ЕУ и зголемување на кохезијата со европските земји во клучните сектори како што се владеењето на правото, инфраструктурата и севкупниот општествен развој.

Тие му се заблагодарија на Франгеш за виталната улога на Словенија во унапредувањето на евроатлантската интеграција на земјава и Западен Балкан, вклучително и одржување на безбедноста и забрзување на економскиот развој.

На денешната средба присуствуваа и блиската соработничка на специјалниот пратеник на Словенија за Западен Балкан, Маја Новак Дрновшчек и словенечкиот амбасадор Грегор Прескер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот