Тандем од соништата, Агуеро ќе игра со Меси во Барселона!?

Фото: EPA-EFE/Julio Cesar Guimaraes

Серхио Агуеро донесе одлука да го напушти Манчестер сити на крајот од оваа сезона откако ќе му истече договорот со тој клуб.

Многумина очекуваат Аргентинецот и следната сезона да игра на највисоко можно ниво, и сега се поставува прашањето кој ќе биде неговиот нов клуб.

Информациите велат дека агентот на Агуеро преговара со Барселона, и дека враќањето во Шпанија е реална опција, пренесува Фабрицио Романо, новинар од Италија, кој ретко промашува кога станува збор за најава за трансфер.

Кун Агуеро беше во дресот на Атлетико Мадрид, со кој се раздели во 2011 година кога „граѓаните“ платија 40 милиони евра за неговите услуги.

Аргентинскиот напаѓач е веќе легенда на „Етихад“ со чија екипа има освоено четири премиерлигашки титули (на пат е да освои уште една), една во ФА Купот и пет трофеи во Лига Купот.

Тој би пристигнал на „Камп Ноу“ како слободен агент, како одлично засилување за тренерот Роналд Куман и кој конечно би можел да игра со неговиот сонародник Лионел Меси, фудбалер со кого е исклучително близок. Но, тука има уште една дилема, дали Меси ќе остане во клубот со кој има договор до крајот на сезонава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот