Талибанците го убиле лидерот на ИД кој стоел зад бомбашкиот напад врз аеродромот на Кабул

Талибанците во Кабул/ Фото EPA-EFE/STRINGER

„Мозокот“ на групата Исламска држава за кој се сметало дека го планирал разорниот бомбашки напад во 2021 година над аеродромот во Кабул е убиен од талибанците во Авганистан, соопштија американските власти, пренесува „Би-Би-Си“.

Во бомбардирањето во август загинаа 170 цивили и 13 американски војници додека луѓето се обидуваа да ја напуштат земјата во време кога талибанците ја преземаа контролата над градот.

Лидерот на ИД бил убиен пред неколку недели, но било потребно време да се потврди неговата смрт, изјавија американски официјални лица за „Си-Би-Си“.

Неговото име не е објавено.

Американските власти соопштија дека преку собирање разузнавачки информации и следење на регионот дека лидерот починал, иако не дадоа дополнителни детали за тоа како дознале дека тој е одговорен за бомбардирањето.

„Експертите во владата се многу уверени дека овој поединец навистина бил клучната фигура која стоела зад нападот“, изјави висок американски функционер.

Според извештајот на „Њујорк Тајмс“, САД дознале за смртта на лидерот на почетокот на април. Не е јасно дали тој бил цел на талибанците или бил убиен за време на тековните борби меѓу ИД и талибанците, пишува весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот