Талески: Дополнителен мотив ни беа „плукачите“ по нас

EPA/SEBASTIEN NOGIER

Филип Талески во победата над Исланд учествуваше со четири голови кои ги постигна во последните 10 минути со што има огромен удел во историската победа над Исланд.

– Секогаш сакам да бидам еден од носителите на репрезентацијата. Револтиран сум од македонската јавност која плука по нас, но тоа дополнително ме мотивира. Можам и умеам да играм ракомет и го докажувам тоа на теренот. Исто така им благодарам и на сите оние кои ме поддржуваат. Задоволни сме од овој натпревар и оваа победа. Примивме многу голови, но и дадовме многу. Во првите 10-15 минути игравме послабо во одбраната, но потоа во второ полувреме сменивме од 5-1 во 6-0, се договоривме повеќе да се концентрираме на средината и да бидеме трпеливи во напад. Тоа донесе и резултат – изјави Талески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот