Таксистите побараа од Градот да се отстранат дивите возачи и да се воведе ред во такси превозот

Такси превоз / Фото: Архива

Групацијата на скопските таксисти бара од Град Скопје решавање на проблемите во такси превозот, што би придонело граѓаните да имаат делумно почист воздух, делумно да се намали сообраќајниот метеж во градот бидејќи од сообраќај би биле отстранети најмалку 1500 диви таксисти, но и би имало нови вработувања.

Со инспекциска контрола за пријавени такси возачи во Агенцијата за вработување ќе имаме нови брзи вработувања минимум од 1200 – 1500 такси возачи, бидејќи ќе ги нема пензионерите, непријавените возачи ќе мора да се пријават, а тоа е месечно по минимум 200 илјади евра повеќе во Буџетот. За решение на овој проблем потребни се нула денари – велат таксистите.

Во официјалниот допис доставен денеска до Градот, кaко дел од нивните барања тие ги наведуваат проблемите со жолтите таблици, поради што не можат таксистите да ги обноват возилата, такси возилата без лиценца, лиценцираните такси возила без фискални таксиметри, лиценцираните такси возила со диво наштелувани фискални таксиметри, лиценцираните такси возила со непријавени такси возачи, лиценцираните такси возила без задолжително обележје, како и тоа дека кај некои таксисти изводот од лиценцата не се совпаѓа со возилото.

Сето ова преставува нелојална конкуренција, сива економија, ја доведува во прашање безбедноста на патниците и другите учесници во сообраќајот, го зголемува метежот во сообраќајот, го зголемува загадувањето во градот и создаваат лоша претстава за такси дејноста во Градот Скопје – се наведува во соопштението.

Како организатор на авто такси дејноста, од Градот Скопје бараат да го среди хаосот во авто такси превозот, да се заложи за поголема безбедност на граѓаните кои користат авто такси превоз и да ја доведе такси дејноста, како што се вели во соопштението, на едно пристојно ниво преку постоечките закони, одлуки и соодветни прописи кои само треба да се спроведуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот