Тајван го поништи законот според кој за прељуба се одеше во затвор

Министерството за правда објасни дека законот е прогласен за неважечки бидејќи сериозно ја нарушува личната сексуална слобода и приватноста.

Врховниот суд на Тајван го поништи повеќедеценискиот закон според кој прељубата се сметаше за кривично дело казниво со затвор.

Судот го поништи членот 239 од Кривичниот законик на Тајван, во кој се вели дека „лицето во брачна заедница кое извршува прељуба со друго лице може да биде осуден на затворска казна до една година“.

Министерството за правда објасни дека законот е прогласен за неважечки бидејќи сериозно ја нарушува личната сексуална слобода и приватноста.

-Сега кога прељубата е декриминализирана, на сила е Граѓанскиот закон за заштита на семејството и бракот- изјави генералниот секретар на Министерството за правда, Лин Хуи-Хауан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот