Тајната за Јованка Броз: Била роднина со Никола Тесла, го задржала моминското презиме…

Instagram
Фото: Инстаграм

Иако сите овие години често се зборуваше за нејзиниот живот, малкумина се занимаваа со нејзината биографија од научна и темелна гледна точка.

Јованка е родена на 7 декември 1924 година, во местото Пеќане во Лика, во семејството на таткото Михајло и мајката Милица. Историографијата забележала неколку истакнати членови на нејзиното семејство.

„Еден од роднините на Јованка бил и Никола Тесла, бидејќи нејзиниот братучед Тома бил прадедо на Тесла“, истакнал во една прилика историчарот Огњен Карановиќ.

Фото: Профимедиа

Основно училиште завршила во родното село, но поради семејни причини не го продолжила редовното понатамошно образование.

Како што самата тврдела, Јованка во текот на 194 и 1942 година се борела во женската младинска чета на Лика, а потоа и во младинската чета во Кордун, а на крајот се вклучила во познатата личка дивизија.

Историчарот Карановиќ наведува дека двајцата се запознале во 1944 година, непосредно пред десантот на Дрвар, а Тито наводно веднаш обрнал внимание на неа, бидејќи била многу убава девојка.

Фото: Профимедиа

Броз тогаш живеел во Белата палата со Даворјанка Пауновиќ наречена Зденка, која починала од туберкулоза во 1946 година. Политичките структури околу Тито процениле дека овој период на жалење треба да му се олесни. Изборот паднал на Јованка.

Меѓутоа, таа со години ѝ била непозната за јавноста, се грижела за доверливата архива, а подоцна и за личните документи на Тито. Така било сѐ до 1952 година, бидејќи Тито решил да ја запроси една година порано. Малку е познато дека по венчавката го задржала презимето Будисављевиќ.

„Сѐ до 1975 година беше претставена како негова сопруга и негова лична и силна поддршка пред многуте предизвици кои југословенското општество мораше да ги надмине за да може да опстане. Меѓутоа, таа година првпат беше одвоена од Тито во Игало, под обвинение на комунистичката кујна дека заговара за соборување на Тито и да ја преземе власта со генералот Ѓоко Јованиќ“, наведува Карановиќ.

 

Фото: Профимедиа

Како што вели, две години биле целосно разделени и без никаков контакт. Во вилата во Ужичка бр.15, Јованка ја добила веста за болеста на Тито, а потоа и за неговата смрт во 1980 година.

Првично не ѝ било дозволено да присуствува на погребот на Тито, но со интервенција на индиската премиерка Индира Ганди таа одлука била сменета, но набрзо ѝ биле одземени сите лични предмети и била преместена во друга куќа без соодветни услови за живот.

„Следните 33 години ги помина во изолација и без приходи, иако имаше право на пензија. Никој никогаш официјално не објасни зошто е виновна без вина и осудена без судење“, заклучува историчарот Карановиќ.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот