Тајланд: Пештерата во која минатата година беа заробени 12 момчиња отворена за туристи

спасување момчиња тајланд
Фото Профимедиа

Пештерата во Тајланд, во која лани беа заробени 12 момчиња и нивниот тренер, од вчера е отворена за туристи по 15 месеци.

Пред пештерата во која тренерот и членовите на фудбалскиот клуб, минаа цели 17 дена, вчера се собраа 2.000 луѓе со надеж дека ќе бидат помеѓу првите кои ќе влезат во неа, пренесе „Бангкок пост“.

Во рамки на меѓународната акција, во која учествуваа над 90 нуркачи од сите делови од светот, спасени беа сите. За жал, животот го загуби припадникот на тајландската морнарица, Саман Гунан, кој загуби свест на патот кон излезот од пештерата во која доставуваше боци со кислород.

Лани местото во кое се наоѓа пештерата, туристички го посетија милион лица, но не им беше дозволено да влезат во неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот