„Тагата не може да се опише“: Ѕвездата на „Игра на тронови“ доживеа семејна трагедија

Фото: Инстаграм/Хафтор Бјорнсон

Актерот Хафтор Бјорнсон објави дека неговата сопруга Келси Хенсон го изгубила бебето, кое се родило мртво во 21. недела од бременоста.

Бјорнсон, кој е најпознат по својата улога во серијата „Игра на тронови“ („Game of Thrones“), ја сподели тажната вест на својот инстаграм-профил и откри дека ја изгубиле ќеркичката Грејс Морган, родена на 8 ноември.

„Откако почувствуваме намалување на движењето, откривме дека нејзиното срце престана да чука. Тагата за нашата загуба не може да се опише со зборови, ниту пак среќата што можевме да поминеме време со нашата ќерка. Љубовта која ја чувствуваме за неа е преголема. Болката и тагата ќе бидат со нас засекогаш, но ќе биде и љубовта. Цела надеж и соништа за неа ни беа одземени, но знам дека повторно ќе бидеме заедно. Нејзиниот дух ќе продолжи да живее преку нејзините брат и сестра. Ве замолуваме да ја почитувате нашата приватност и ви благодариме за сите љубезни зборови и поддршката“, стои во објавата на парот.

Хафтор Бјорнсон
Фото: Инстаграм/Хафтор Бјорнсон
Фото: Инстаграм/Хафтор Бјорнсон

Оваа двојка има уште едно дете, тригодишниот Стормур. Актерот има уште една ќерка, Тереза Лиф, која ја доби за време на врската со Телма Бјорк Штајман.

Бјорнсон и Хенсон се венчаа во октомври 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот