Раскошно славење на приказната претставува збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски
Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје на 29 октомври беше промовирана збирката раскази „Приказничар“ од Жарко Кујунџиски, добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување според Друштвото на писателите на Македонија во 2024 година. Модератор на настанот и промотор на книгата беше Александра Јуруковска, а фрагменти од делото читаше актерот Андреј Серафимовски. – …

