Жена починала во возило на Брза помош

На местото викано „Света Петка“ во општина Старо Нагоричане, во возило на Итната медицинска помош, вчера попладне починала 78-годишна жена од Крива Паланка. Пациентката била пренесувана кон Општата болница во Куманово. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, информира МВР.