Избегал од „Идризово“, ама го уапсиле на улица

Вчера околу 18.30 часот на улицата „Маршал Тито“ во Тетово полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово го уапсиле Б.Е. (42) од Тетово, по кого била распишана потерница од скопскиот затвор „Идризово“. Со полициска придружба, неколку часа по апсењето бегалецот им е предаден на затворските власти во К.П.У. „Идризово“ за доиздржување на затворската казна.