Пензионер од Хрватска загинал туркаjќи велосипед, го удри пијан возач

Седумдесет и шестгодишен маж кој туркал неосветлен велосипед на патот кон Гарешница во близина на Дарувар (Хрватска) загинал во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила кога 30-годишен возач, управувајќи возило под дејство на алкохол, удрил во велосипедистот, кој пак од здобиените повреди починал на местото на несреќата.