Ограбена Колинда Грабар Китаровиќ

Службениот автомобил на хрватската претседателка Колина Грабар Китаровиќ е ограбен. Обезбедувањето го оставило автомобилот отклучен и крадците ја однеле целата опрема, пишува „Нова Тв“. Обезбедувањето било повикано на одговорност, но тие изјавиле дека имале премногу работа и дека во моментот на кражбата се вршело примопредавање на смената.