Без вода утре неколку скопски населби

Без вода утре ќе останат корисниците од населбите Чаир, Топанско Поле, Бутел 2, Гази Баба, високата зона во населба Железара и Гинекологија Чаир од 23 часот до завршување. Прекинатото водоснабдување, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е поради реконструкција на усисниот дел на пумпа број 5 во П.С. Гази Баба.