Во шопинг се оди со список, а фрижидерот се проверува често – скапата храна ги менува навиките на граѓаните
Скапата храна и големите суми кои се одлеваат од семејниот буџет се најголемата причина што речиси 40 отсто од македонските граѓани барем еднаш дневно проверуваат што имаат во фрижидерот и во кујната, а 23 отсто тоа го прават еднаш неделно. Попис на залихите, никогаш не прават само 2,6 отсто, покажа истражувањето на Организацијата на потрошувачите …

