• силна експлозија

Силна експлозија во Загреб, нема повредени

Силна експлозија утрово одекнала во населбата Дугава во Загреб, кога експлодирал автомобил, информира Индекс.хр. Според овие извори, повредени нема, а причината за експлозијата засега не е позната. На местото на настанот веднаш пристигнала противпожарната служба и полицијата, која врши увид и ги утврдува причините за несреќата, јавуваат хрватските медиуми.