ВИДЕО | Шлепер излета од пат во Струмичко
Шлепер ноќеска излетал од коловозот на патот меѓу селата Владевци и Радичево, Струмичко, по што сообраќајот беше целосно во прекин, објави „Струмица денес“ на својот профил на „Фејсбук“. На местото интервенирале надлежните служби. АМСМ повикуваат на внимателно возење со оглед дека коловозите се влажни.

