Русија: Во пожар во Ковид болница починаа пет лица

Пет лица загинаа во пожар што утрово избувна во една болница во Санкт Петербург. Според руското Министерство за вонредни ситуации, во пожарот загинале пет лица, а 150 се евакуирани. Болницата каде избувна пожарот е една од установите опремени за прием на заболени од Ковид-19 во Русија.