Жените жртви на насилство, губат работа, осиромашуваат, се задолжуваат и сами плаќаат за потребите на нивните деца
По повод почетокот на 16-те меѓународни денови на активизам против насилството врз жените, Здружението ЕСЕ ја истакнува невидливата, но речиси универзална последица од семејното насилство: економската несигурност на жените и децата по разводот или разделбата. Насилството не завршува по напуштањето на насилната заедница, тогаш започнува економската борба. Податоците на ЕСЕ покажуваат дека жените се соочуваат …

