СДСМ бара одговорност од Клековски за водата во Гостивар — ВМРО-ДПМНЕ најави дека овојпат ќе има „правен епилог“
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ меѓусебно се обвинуваат за случајот со водата во Гостивар, каде е прогласена епидемија откако бројката на заболени достигна речиси 2.000. СДСМ обвини дека институциите имале ненавремена реакција откако било утврдено дека диви пумпи вбризгувале вода од реката Вардар во водоводот, поради што, велат дека и дошло до толкава бројка …

