На денешен ден е роден Анте Поповски, од лекар до еден од најголемите македонски книжевници
На денешен ден, 3 јуни 1931 година, во живописното мијачко село Лазарополе е роден Анте Поповски – поет, есеист, публицист, препејувач и академик, чие име денес зазема особено место во македонската книжевност. Основното образование го завршил во родното село, а гимназијата во Битола. Своето образование го продолжил на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што дипломирал …

