Современата македонска книжевност ќе има оригинално претставување на Саемот на книгата во Франкфурт
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) по петти пат ќе ја претстави современата македонска книжевност, годинава на 76. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, кој се одржува од 15 до 19 октомври. Креативниот концепт на овогодишното претставување на македонската книжевност на најголемиот светски саем во областа на издаваштвото се потпира на мотото „Читај во 7/8. …

