Разговор со Кирил Пенушлиски: Секојдневно имам допир и со светската и со македонската уметност
Историчарот на уметност Кирил Пенушлиски во галеријата на МКЦ претстави изложба со која се објаснуваат влијанијата на великаните на западно-европската уметност врз македонските модерни уметници. Изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“ на Кирил Пенушлиски произлезе од потребата да се отвори разговор за корените, да се осветлат оние тивки, но суштински влијанија што старите мајстори ги …

