Креативно студио со „Спаркл систерс“: Најголемиот букет што го изработивме имаше 15 цвета од кадифена жица
Креативноста, експериментирањето и љубовта кон уметноста секогаш водат кон создавање уникатни рачни изработки, какви што се букетите од кадифени жици. Од едноставни, меки жици се создаваат нежни цветови што не венеат, туку остануваат како траен симбол на внимание и емоција. Токму љубовта кон креативноста ги споила сестрите Сара Попстефанова и Јана Треневска во создавање декоративни …

