Романот „Градинарот и смртта“ од Георги Господинов зборува за тагата, смртноста, семејните врски и наследството што го носиме
Нова книга во „Или-Или“ е „Градинарот и смртта“, интимен и елегичен роман од бугарскиот писател Георги Господинов, во превод на македонски јазик на Душко Крстевски. Преводот на ова дело е поддржан од Националниот фонд за култура на Република Бугарија. По големиот интернационален успех со романот „Засолниште во времето“, за кој ја добива Интернационалната „Букерова награда“, …

