Наместо да се приближуваме кон стандардот на ЕУ, ние се оддалечуваме, покажува Извештајот на Европската комисија
Владата не постигна напредок во клучните реформи, е првата реченица во економскиот дел од Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата. Во Извештајот се забележува дека се одложени плановите за фискална консолидација, што народски значи голема „дупка“ во приходите во буџетот во однос на бруто-домашниот производ и што постојано се крпи со нови долгови …

