ФОТО | Скопјани даруваа крв во чест на Тоше Проески
Во холот на Домот на АРМ утринава од 9 часот традиционално започна крводарителската акција на Црвениот крст-Скопје во чест на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески. Акцијата ќе трае до 17:00 часот, а во нејзина организација се вклучија Општинската организација на Црвен крст Гази Баба, со поддршка на Институтот за Трансфузиона медицина.

