• Бутел 2

Без вода дел од Чаир, Железара и Бутел 2

Поради дефект на затворач ф-150 на крстосницата Втора Македонска Бригада/ Христијан Тодоровски Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населбите Чаир, Железара и Бутел 2. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до санација на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.