ФОТО | Нуркачи од Македонија и регионот го чистеа дното на Охридското Езеро, „уловија“ конзерви, гуми и секаков отпад
Вкупно 80 нуркачи од Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина викендов се обединија со заедничка мисија за заштита на најстарото природно богатство во Европа – Охридското Езеро. Идејата беше да се исчисти дното кај автокампот „Градиште“, а притоа да се направи побезбеден овој препознатлив локалитет, со тоа што ќе се извадат десетици предмети и …

