„Убијци!“ „Оставки!“, ечеше на протест во Подгорица – илјадници граѓани бараат одговорност по масакрот на Цетиње
Илјадници граѓани вечерва се собраа пред Министерството за внатрешни работи на Црна Гора на протест поради одговорот на властите на трагедијата на Цетиње од 1 јануари, кога жител на градот направи масакр, убивајќи 13 луѓе, негови пријатели и роднини. Граѓаните собрани околу студентското движење „Каде утре“ уште еднаш побараа оставки од највисоките функционери во безбедносниот …