Грчкиот поет Сотирис Минас објави збирка кај нас, самиот си ги препеал песните на македонски
Од печат излезе „Раскинување на договорот“ дебитантската стихозбирка на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас, во издание на „Матица македонска“. Книгата е објавена двојазично, на грчки и на македонски јазик, а македонските верзии на песните се препев на самиот автор. Со ова издание, македонскиот јазик не е само јазик на превод, туку јазик на лична, …

