Таа е единствената пејачка која се најде на листата на милијардери на „Форбс“

Ријана
Ријана/Instagram

Мегаѕвездата Ријана е вклучена на листата на милијардери на „Форбс“ за 2022 година, каде што се најде како најдобро рангирана музичарка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Имено, пејачката минатиот август стана милијардерка, а на листата на „Форбс“ се наоѓа на 1.729 место со вредност од 1,7 милијарди долари. Нејзиното богатство во голема мера го прави козметичката линија, која во 2020 година оствари приход од над 550 милиони долари.

Најголемиот дел од нејзиното богатство доаѓа од вредноста на компанијата „Fenty Beauty“, од која „Форбс“ потврдува дека Ријана поседува 50 отсто. Голем дел од остатокот од богатстово ѝ е заработено со нејзината компанија за долна облека, „Savage x Fenty“ и успешната кариера како музичарка.


Ријана е и првата личност од островот Барбадос која се најде на листата на „Форбс“.

Покрај Ријана, на листата се наоѓаат и Канје Вест и Џеј Зи. Канје е на 1.513 место со вредност од две милијарди долари, додека Џеј Зи е на 2.076 со вредност од 1,3 милијарди долари.

На врвот на овогодинешната листа е директорот на компаниите „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск, кој тежи 219 милијарди долари и е најбогатиот човек во светот, според „Форбс“.

Ријана се приклучи на клубот на милијардери

ФОТО | Смелиот стил на Ријана непроменет: Пејачката го покажа трудничкиот стомак

ФОТО | Ријана „уловена“ како купува евтина бебешка облека: Се знае ли полот на бебето?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот