СЗО: Можно е во иднина да се потребни 150 милиони тестови за коронавирусот

Фото: Профимедиа

Светската здравствена организација (СЗО) досега ширум светот има дистрибуирано околу 1,5 милиона тестови за коронавирусот, но во иднина можно е да и бидат потребни 80 до 100 пати повеќе за да се задоволат потребите, изјави денеска претставникот на оваа организација Мајк Рајан.

-Тоа е екстремна анализа, но тоа е заклучок до кој дојдовме, рече Рајан.

Според него, СЗО се соочува со нови потешкотии ширум светот во распоредувањето на персоналот и материјалите, вклучувајќи ги и тестовите за коронавирусот и заштитната опрема, пренесува Тасс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот