СВР Тетово ќе поднесе пријава за осомничен за предизвикување пожар, запалил стари кревети

Противпожарно возило / Фото: МИА

  Тетовската полиција ќе поднесе пријава за 36-годишник кој е осомничен дека запалил стари кревети по што морало да интервенира пожарната.  Настанот се случил вчера околу 20 часот и 15 минути.

 -Во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар на улица „29 Ноември” во Тетово, покрај реката Пена во кој гореле два стари кревети, кои претходно ги запалил 36-годишниот тетовец О.Б. Нема повредени лица и со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица пожарот целосно е локализиран. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во понеделникот полицијата јa расчисти серијата пожари на контејнери кои се случија минатиот месец. До обвинителството поднесе пријави за тројца малолетници поради сомнение дека  сториле три кривични дела: „предизвикување општа опасност”, „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” и „загадување на животната средина и природа”, казниви по членовите 288, 206 и 218 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот