СВП 2020: Со „Двоумење“ Ива стана најмладата добитничка на „Браќа Миладиновци“

Младата поетеса Ива Дамјановски за книгата „Двоумење“ (издание на „ПНВ Публикации)“ е годинашен добитник на најпрестижната поетска награда „Браќа Миладиновци“, што СВП ја доделуваат за најдобро поетско издание меѓу два фестивала. Така, Ива Дамјановски стана најмлада добитничка на наградата.

Комисијата што ја донесе храбрата одлука беше во состав: Ангелина Бановиќ Марковска (претседател), Анастасија Ѓурчинова, Соња Стојменска Елзесер, Душко Крстевски и Никола Маџиров.

„Како хабитус на една нова генерација, а во исто време и сензибилност која е безвременска, како музикалност и интермедијалност што вибрира на рабовите на поетскиот израз којшто се повеќе се втурнува кон другите уметности, оваа книга е доказ и показ дека македонскиот јазик е сочен, жив и квалитетен материјал од кој може да се изградат песни што се стимулативни и за уво, и за срце, и за мисла“, стои во одлуката за националната поетска награда „Браќа Миладиновци“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 47, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 5-6 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот