Светското производство на челик во 2022 година падна за 4,2 отсто

Челик / Фото: Tom Merton / Caia Image / Profimedia

Глобалното производство на суров челик во 2022 година падна на 1,9 милијарди тони, што е за 4,2 отсто помалку од една година порано, објави Светската унија за челик (Ворлдстил).

Освен Индија и Иран, десет од најголемите светски производители на челик забележаа пад на производството минатата година, јавува Анадолија, пренесува АлЏезира Балканс.

Кина, најголемиот светски производител на челик, забележа пад на производството за 2,1 отсто на 1,01 милијарди тони. Производството на челик во Индија, вториот по големина производител, се зголеми за 5,5 отсто на 124,7 милиони тони минатата година.

Во Јапонија производството на челик е намалено за 7,4 отсто на 89,2 милиони тони во Јапонија, а во САД за 5,9 отсто на 80,7 милиони тони. Турција, осмиот најголем производител на суров челик во светот, минатата година забележа пад на производството на суров челик за 12,9 отсто на 35,1 милиони тони. На листата на десет најголеми светски производители на суров челик се и Русија, Јужна Кореја, Германија, Бразил и Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот