Светската економија се враќа на старо за една година отсега

Фото: EPA-EFE/CLAUS FISKER

Глобалната економија може да се врати на нивото од пред почетокот на пандемијата до крајот на следната година, бидејќи се очекува вакцините да помогнат во закрепнувањето, но растот најверојатно нема да биде изедначен, предвидува во најновиот извештај Организацијата за економска соработка и развој, информира АФП.

Организацијата предвидува пад на светската економија за 4,2%, но за 2021 година растот ќе изнесува исто така 4,2 проценти. Прогнозата за 2022 година е 3,7% раст.

По вториот бран на коронавирус во Европа и САД, организацијата со седиште во Париз беше принудена да ја ревидира својата прогноза од септември, кога се очекуваше глобалната економија да падне за 4,5% оваа година, а наредната 2021 да прикаже раст за 5 проценти.

Кина е единствената земја во прогнозата на организацијата што ќе објави раст од 1,8% годинава. Растот за 2021 година се очекува да биде осум проценти, а во 2022 година – 4,9%.

САД и Европа се очекува помалку да придонесат за глобалното закрепнување на економијата. По падот од 3,7% оваа година, американската економија ќе порасне за 3,2 проценти во 2021 година и 3,5 проценти во 2022 година.

Економијата во еврозоната годинава ќе забави за 7,5%, а во 2021 и 2022 година растот ќе е 3,6, односно 3,3%.

АФП, повикувајќи се на Германската федерална агенција за труд, објави дека невработеноста во Германија неочекувано е пониска во ноември. Во ноември, стапката на невработеност изнесува 6,1% во споредба со 6,2% во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот