Свадба во Индија заврши трагично: Младоженецот почина од ковид-19 два дена по веселбата, 95 гости заразени
Невестата пак, не е болна од коронавирус.
Младоженец од Индија почина од последиците на коронавирус два дена по свадбата на која дури 95 гости се заразиле од смртоносниот вирус.
Мажот (30), чие име не е наведено, наводно имал симптоми на коронавирус и бил болен кога се венчал во индиско село во близина на Патна.
Тој е кремиран без тестирање, но кога официјални лица ги контактирале роднините кои биле на венчавката, откриле дека 15 се позитивни на коронавирус, пренесува Мирор.
После тоа уште 80 гости се тестирани позитивни, што е прво масовно избивање на епидемијата во државата Бихар, пренесоа индиските медиуми.
Невестата пак, не е болна од коронавирус.
Официјални лица велат дека свадбата се одржала и покрај тоа што младоженецот покажувал симптоми на болеста, а во земјата забранети се масовни собири на повеќе од 50 лица, и секако не се држела пропишаната социјална дистанца.